Груевски и Бан Ки Мун разговарале за името

0
349

Премиерот Никола Груевски, денеска во Њујорк, се сретна со генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Бан Ки Мун.

На средбата се разговарало за активностите на Република Македонија во рамките на Обединетите Нации, соработката во остварувањето на поставените цели, процесот на разговори помеѓу Македонија и Грција за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение околу наметнатиот спор помеѓу двете земји, и за предизвиците во врска со мигрантите.

Премиерот Груевски истакнал дека Република Македонија во целост ги поддржува поставените цели на Обединетите Нации и дава активен придонес во нивната реализација преку реализација на проекти на домашно ниво и преку поддршка на истите на мултилатерално ниво.

Тој го информирал генералниот секретар за реформите кои ги спроведува нашата земја за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, како и за номинацијата на Македонија за кандидат за следен генерален секретар на ОН.

„Во однос на процесот на изнаоѓање на решение за наметнатиот спор од Република Грција, премиерот Груевски истакна дека е потребно да се зголеми интензитетот со што би се надминал застојот и што би водело кон поголеми можности за изнаоѓање решение, додавајќи дека Република Македонија посветено и одговорно се однесува кон ова прашање. Генералниот секретар Бан Ки Мун изрази позитивна оценка за придонесот на Република Македонија во реализацијата на целите на ОН“ се наведува во соопштението од владината прес-служба.