Груевски: Изградба на надвозник кај ОУ Коле Канински

0
2201

-Во Битола постојат огромни сообраќајни проблеми. Еден од најголемите е доаѓањето на училиште на децата од населбата Боримечкаво училиштето Коле Канински. За да стигнат на час мораат да преминат преку железничка пруга и многу прометна улица. Новата локална власт ветува многу работа, многу посветеност и живот во Битола за сите. Ветуваме изградба на надвозник кај населба Боримечка преку кој безбедно ќе може да се поминува и да се стига во училиштето Коле Канински. Ќе градиме одговорно, транспарентно и домаќински за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата животна средина, изјави Валентин Груевски, носител на листа на СДСМ и коалицијата.

Без коментари