Груевски ќе замине на 15 јануари

0
507

Премиерот Никола Груевски во саботата вети дека до 15 јануари ќе се повлече од премиерската функција, согласно договорот од Пржино за надминување на политичката криза.

Груевски смета дека роковите утврдени со договорот ќе се испочитуваат и на 15 јануари ќе има нова влада.

“Тоа што е договорено е нова влада да има на 15 јануари. Тие рокови ќе се испочитуваат”, изјави Груевски.

Истото ветување претходно го даде и владиниот партнер – претседателот на ДУИ Али Ахмети, кој од Кичево порача дека нема причина да не се почитува договорот од Прижино.

“Сe што договоривме, во целост е исполнето, освен делот за медиумите”, рече Ахмети.

Без коментари

LEAVE A REPLY