Груевски: Македонија ќе излезе посилна од оваа криза

0
174

Премиерот Никола Груевски преку статус на својот Фејсбук профил ги поздрави заклучоците на ЕУ и најави дека ќе продолжи посветено во исполнување на договорот постигнат на 2-ри јуни.

„Ги поздравувам заклучоците на ЕУ, продолжуваме посветено во реформскиот процес и договорот од 2 јуни. Продолжуваме за подигање на стандардите во сите области, пред се заради подобар квалитет на животот на граѓаните на Република Македонија и прогресот кон ЕУ. Македонија ќе излезе посилна од оваа криза, а нашиот народ е мудар и знае да цени и вреднува кој работи за него и со кого има подобра иднина. После прогресот кон ЕУ, Владата ќе излезе со конкретен план на мерки и активности во насока на реформскиот процес“, напиша Груевски.

Спроведување на пакетот за итните реформи кој го објави минатата седмица Европската комисија, како и почитување и спроведување на договорот од 2-ри јуни за надминување на политичката криза во Македонија, се бара во заклучоците на Советот на Европската унија, кој подоцна во четврток, треба да бидат усвоени на Самитот на министртите за надвореши работи./крај/мф/бб

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс.