Груевски: Многу е изградено и многу допрва ќе се гради во Центар

0
487

Центар доби многу инвестиции кои им служат на луѓето кои живеат во Центар, но и на сите кои гравитираат тука. Се изградија канти гаражи, претходно Скопје беше претрупано со автомобили, сега полека културата се менува и луѓето се почесто ги користат катните гаражи, а цената е пристапна.

Во соработка со Скопје се реконструираа булевари: Илинден, Теодосиј Гологанов, се инвестираа над 650 мил денари а се изгради кружен тек кај Католичка цркна.

-Ја изградивме арената Филип II Македонски со 32.500 седишта и инвестиција од 40 милиони евра. Се изгради жичарница од Средно водно. Се реновираа училишта, се изградија спортски сали, се реновираа клиники. Се отрови читалната 1000 книги, ги изградивме нови објекти за Археолошкиот музеј,  како и Музејот на македонската борба и самостојност, Спомен куќа на Мајка Тереза. Нов објект на МНТ кој е возобновување на старата градба. Се изградија нови објекти на МНР, Јавното обвинителство, Министерството за финансии кои претходно беа во згради каде се плаќаа кирии. Се изгради Јавна соба, за креативните, подвлече Груевски.

Во Општина Центар се предвидува изградба на 3 нови подземни сообраќајници, инвестицијата е во вредност од 100 милиони евра, потоа ќе се изградат 245 километри мрежа за дистрибутивни цевки за гас само во Скопје, ќе се изградат нови градинки, ќе се инвестира во факултетите, ќе се изгради нов факултет, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски.

-Ќе се возобнови старата учителска школа, предвидуваме градба на нов објект за театар Комедија, ќе се реконструираат Албанскиот и Турскиот театар, ќе се отвори и новата филхармониска сала. Ќе изградиме две нови спортски сали, ќе изградиме 9 тениски игралишта во Центар, како и фудбалски и кошаркарски игралишта. Се предвидува и нова сала за свечени моменти, ќе имам и голема мултифункционална библиотека, вели Груевски.

Тој исто така потенцираше дека ќе се изгради и новиот студентски дом „Медицинар“ ќе се изврши реконструкција на скопското Кале и овој проект е во вредност од 900 милиони денари, ќе се обноват фасадите во старата скопска чаршија и ќе направиме уште многу други проекти во општина Центар.

-Оваа одлука на 11 декември е важна за сите вас и вашите семејства, тоа е одлука во каква држава сакате да живеете, дали сакате поделби во државата и дали сакате двојазичност. Јас знам и верувам дека мнозинството на граѓаните на Македонија ќе излезат и ќе гласаат за историски референдум и ќе го збришат Заев од политичката сцена, истакна Груевски.