Груевски на предизборен митинг во Новаци

0
1009

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, синоќа беше на средба со жителите во Општината Новаци. Тој кажа дека од народот зависи дали ќе се дозволи ќе се дозволи овој начин на работа на марионетската власт, кои направија заробена држава. Груевски порача дека во недела на оние кои сакаат да им набијат страв, да им возвратат со вмровска пркос и да не им се плашат.

Актуелниот градоначалник на општина Новаци Лазар Котевски на вечерашниот собир пред членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ потсети на реализираните проекти во неговиот мандат и најави континуитет и домаќинско работење во локалната самоуправа.

– Горд сум на моите дела што во изминатите 12 години ги направив како градоначалник. Реализирав бројни проекти од образование, култура, инфраструктура,…постигнавме голем степен на развиеност на нашата општина. Ние сме една од ретките рурални опшини во Македонија со многу проекти поддржани од фондовите на ЕУ, ние сме афирмирана општина и секаде сме препознатливи. Во новата програма нудам 170 конкретни проекти кои се реално остварливи, отворена општина, бидејќи јас сум за вас, порача Котевски на вечерашниот предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Новаци.