Груевски: Не сум изјавил дека Македонија е отворена за промена на името, ќе реагираме и до „Гардијан“

0
592

-Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до „Гардијан“, се вели во писмена изјава на премиерот Никола Груевски во врска со неточните интерпретации на насловот (статијата) на „Гардијан“, „Македонија отворена да го промени името за да се стави крај на 24-годишниот спор со Грција“.

-Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Тоа се гледа и од самиот текст каде што е очигледно дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многуммина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани, стои во писмената изјава на Груевски.