Груевски нема владин телефон

0
206

Пратеникот Павле Богоевски од собраниската говорница денеска презентираше фотографија од, како што рече, сметката за мобилен телефон на поранешниот премиер, сега пратеник и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од над 184.000 денари за роаминг што ја плаќа Владата на Република Македонија. Според него, сметката била направена само изминатиот месец.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение демантира дека нивниот претседател и екс премиер Никола Груевски има телефон што го плаќа Владата, ниту пак дека има толку високи сметки.

Службата за општи и заеднички работи, како институција која ги покрива трошоците за телефонските разговори на носителите на државни функции, нема никакви трошоци и не ја покрива телефонската сметка на Никола Груевски, изјави за МИА директорот на СОЗР Васе Доневски. Тој побара пратеникот Павле Богоевски да и се извини на јавноста за изнесените невистини и квалификации.