Груевски – Немам вина, сакаат да ме оцрнат

0
658

Дојдов во судот бидејќи Катица Јанева изразила некаков сомнеж дека ќе ја напуштам земјата и дека нема да се појавувам. Не знам дали некој во државата верува во такво нешто, но, како и да е, се гледа дека СЈО прави чекори кои се нарачани и тоа веројатно го посакува нарачателот, кој во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови. Веројатно тоа е негова желба, рече денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по едночасовниот распит во скопскиот суд.

„Знаете, живееме во еден период во кој човекот што изјави дека не ги почитува судовите, односно не ги признава судовите во Македонија, свесен е за својот политички рејтинг, свесен е за големата неподдршка што ја има од граѓаните. Свесен е дека изборите наближуваат и нема уште долго да ги одовлекува. Па со контролата што ја има во СЈО се обидува да изрелативирира работите и да се обиде преку вакви апсурдни покани во судот, и мене, и моите соработници да не прикаже исти или слични како него. Тоа се обиде и во текот на минатата година преку неговите прес-конференции на кои се објавуваа фабрикуваните материјали. И не успеа“, рече Груевски.