Груевски очекува голема победа на изборите

0
199

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во неделата пред подмладокот на партијата изразу уверување дека неговата  ВМРО-ДПМНЕ ќе остари ибедлива победа на следните предвремени избори, за кои рече дека се историски.

„Не чекаат уште едни избори и уште една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе бидат избори во кои Македонија ќе испрати голема порака. Порака, дека е премногу созреана за обични шибицери да ја прелажат. Историски избори кои никој несмее да ги пропушти“, рече Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека не е во прашање Заев или Груевски, туку во прашање е потценеттата интелегенција на цел еден народ.

„Во прашање е валкана игра, која ако не се сосече со референдусмко гласање против инструментот СДСМ кој ја создаде кризата, ќе стане пракса, стил на живот, стил на владаеење, ќе стане иднина на Македонија.Ќе стане правило со измама, интрига и манипулација да се освои власт, а не со работа, реформи, дела и држење до дадениот збор. Ние сите ќе извлечеме поука од сето ова, и ќе ги корегираме сопствените грешки, или барем најгоелем дел од нив.Неодамна предложените препораки на ЕУ ќе ни помогнат во тој наш следен напор“, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека стратешка грешка ќе биде ако не се поразикако то рече, до патос,оној кој одработувајки зададена задача, и борејкќ се без заслуга да дојде на власт, рушејќи го тешко градениот имиџ и углед на земјата, поигрувајки си со чуствата на да милиони луѓе, се обидува незаслужено и со измама да се добере до власт.

Груевски нагласи дека такво нешто не смее и нема да се дозволи.

„Јас го знам тоа. Тоа е цела онаа лузерска и криминогена екипа на СДСМ собрана околу Заев“, заклучи Груевски. /крај/мф/ап

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс.