Груевски: Ова не се фантоми, ова се луѓе

0
1779

Покажавме како изгледа да се гради, да правиш реформи. Денес луѓето лесно може да направат споредба за тоа како било некогаш, а како е денеска. Нашата доверба донесе над 150.000 нови работни места. Ова не се фантоми, ова се луѓе, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на јавниот отчет на партијата во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ сработила повеќе од 3.500 проекти за 10 години владеење.

„Во овој отчет има проекти од 2014 до 2016 година, но и некои проекти кои се реализирале до 2014 година. Најголем дел од тоа што е ветено е остварено, и нешто кое не сме го ветиле, а сме го оствариле. Ете тоа нè прави различни. Покажавме како изгледа да се гради, да правиш реформи. Денес луѓето лесно може да направат споредба за тоа како било некогаш, а како е денеска. Нашата доверба донесе над 150.000 нови работни места“, рече Груевски.

На трибината и за плановите за во иднина, како и за актуелните состојби во Македонија.