Груевски: Овој кошмар може да се прекине на 15 октомври

0
353

„Поминаа 100 дена на лаги, неспособност, хаос и понижување“ рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој на прес-конференција попладнево ги набројуваше работите кои, како што рече, СДСМ ги ветиле, а не ги исполниле во овие 100 дена откако се на власт.

„ 100 дена партизација, кадровски дебакл, незаконско работење и уривање на институциите. 100 дена укинување и блокирање на проекти, економско тонење, задолжувања, неработење и непромислени и површни потези. Ова е тоа што го трпеше Македонија и граѓаните на Македонија изминативе 100 дена. Ова е тоа што Зоран Заев на денешната негова прес конференција полна со полувистини и голи фрази, свесно го премолчи. Ова е резиме на начинот на кој што СДСМ владее.

Незадоволни земјоделци, разочарани пензионери, прелажана младина, издадени национални чувства и национално достоинство, бизнис заедница и синдикати ставени на маргините, заборавени работници, и ниту еден, повторувам ниту еден одржлив, сериозен, поголем, суштински проект кој ќе даде надеж кај било кого дека барем нешто ќе биде добро со оваа власт.

Нашите граѓани заслужуваат подобро! Нашите граѓани сакаат подобро! И може многу подобро од ова!

Никого не чуди веќе вртоглавиот пад на нивната поддршка и големата разочараност. Како што дојдоа на власт, така и ја практикуваат. Дојдоа по пат на хаос, нечесно и со тешки манипулации и интриги, и нормално продолжуваат и работат на истиот начин.

Ние не очекувавме повеќе и подобро од нив, но сега и тие што очекуваа видоа каков експеримент и се случува на нашата држава.

Сега граѓаните ќе можат добро да споредат. Оние кои подзаборавиле како е кога СДС е на власт, може да се потсетат.

Токму вака изгледа, а ќе биде и полошо доколку не им застанеме на пат.

Овој кошмар може да се прекине на 15ти октомври“ рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Без коментари