Груевски: Само еден човек се обидува да ја продлабочи кризата

0
426

Во резиденцијата на ЕУ дојдовме четири партии и три партии беа подготвени да постигнеме договор. Само еден човек инсистираше да се прифати одложување на изборите, изјави Никола Груевски, по лидерската средба во Пржино.

– Ни потроши 12 часа Зоран Заев за да моли, да инсистира да нема избори, место да разговара за методологијата на избирачките списоци. Тој не сака избори зошто ќе ги изгуби, сака одложување без сериозни аргументи. Законот за медиуми за кој бара измени, тоа го нема во ниту една држава. Овој човек само во криза е актуелен и верува дека само преку криза ќе дојде на власт, изјави Груевски.

Тој нагласи дека еврокомесарот Хан јасно им кажал дека претседателот на Државната изборна комисија го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24 април, исто како и ОБСЕ, додавајќи дека само еден човек се обидува да ја продлабочи кризата.

Груевски уште еднаш потврди дека неговата оставка останува и е депонирана до денот на изборите