Груевски тврди нема услови за лидерска, Заев со ултиматум

0
190

Никола Груевски порачува – нема услови за нова лидерска средба, ниту пак согалсност од двете страни за да се дојде до компромис. Зоран Заев пак со ултиматум – до вечер да се закаже тајминг за нова средба или пак како што велат од партијата ќе ги кажат своите конечни позиции за преговорите.

Од друга страна пак дипломатски извори велат дека новиот рок што неофицијално се поставува за некакво поместување во дијалогот е понеделник, однсо доаѓањето на американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд во Скопје.
Според истите извори песимизмот дека може да се очекува решение расте, а веќе се споменува и септември како како краен рок, до кога Брсиел би имал толеранција за македонските политичари.
Дека решението е далеку се уште, денеска вели и премиерот, иако не одговори дали е подготвен да отстапи од позициите.
Од СДСМ пак во соопштение по изјавата на премиерот даваат простор до вечер да се закаже тајминг за средба во спротивно СДСМ утре ќе го соопшти ставот за понатамошниот тек на преговорите. Повторуваат не отстапуваат од нивните црвени линии.