Груевски во Битола

0
1062

По завршувањето на подготвителните теренски активности вчера официјално почна реконструкцијата на регионалениот пат Битола – Ресен.Почетокот на градежните активности го означи премиерот Никола Груевски, кој престојуваше во посета на Пелагонскиот регион.Според него, по 35 години за првпат се прави реконструкција на оваа важна сообраќајница.Планирано е да се реконструираат 27 километри за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Градежните активности се очекува да се завршат за 12 месеци. Груевски во Битола ги отвори и трите тениски игралишта за кои рече се уште една од коцките во спорстката надградба во Битола.

Никола Груевски премиер на РМ рече дека и општина Битла се вклучила во градењето на спортските објекти.

Двојното и единечното тениско игралиште ги градеше Агенцијата за млади и спорт, како дел од проектот 120 тениски игралишта во земјава.

Марјан Спасески директор на Агенција за млади и спорт рече дека овие три тениски игралишта се дел од проектот 120 тениски игралишта во земјава.

Градоначалникот на Битола се пофали со заложбите што општината ги презема во областа на спортот.

Владимир Талески градоначалник на Битола истакна дека вложуваат во спортот како што ветиле, ракометниот клуб Пелситер е под Нивна капа, фудбалскиот е со 70% додека имаат планови и за жеснкиот ракометен клуб.

Премиерот додаде дека во Битола се планира изградба на дополнителни 4 тениски игралишта, 1 повеќенаменско игралиште и еден скејт парк за популаризирање на спортот во Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY