Груевски во посета на пелагонискиот регион

0
367

Агендата премиерот ќе ја започне со отворање на спортска сала во село Новаци, по што ќе присуствува на црковно-народниот собир во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“.

Премиерот ќе присуствува и на отворањето на спортска сала во село Могила, а ќе оствари и средба со жителите.

Посетата премиерот ќе ја продолжи со средба со жителите на селото Долно Српци во општина Могила, а ќе го посети и основното училиште „Кочо Рацин“.

Груевски ќе посети и земјоделска фарма на индивидуален земјоделец во истото село.

Како што соопштуваат од Владата, агендата ќе продолжи со негово присуство на отворање на откупно дистрибутивниот центар „Apple Land“ во Ресен, по што премиерот ќе изврши увид во градежните активности за рехабилитација на магистралниот пат Битола-Ресен-Буково.

Премиерот посетата на пелагонискиот регион ќе ја заврши со пуштање во употреба на еден двоен и еден единечен тениски терен во спортско рекреативниот центар „Шеталиште“, Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY