Груевски за бегалската криза

0
207

„Како Влада, ја следиме состојбата со бегалската криза, даваме максимална поддршка на луѓето што доаѓаат, во смисла на хуман третман во нивното доаѓање и транзитирање, и од аспект на здравствен и од аспект на снабдување со храна, вода, нивна регистрација и безбедно транзитирање. Ги следиме одлуките на другите влади но и спроведувањето на тие одлуки, бидејќи една е желбата и таа понекогаш е различна од она што ќе се постигне во реалноста, и доколку има потреба од промени на нашата стратегија , сигурно навремено ќе ја промениме. Се ќе зависи како ќе се одвиваат работите. Засега добро се менаџира со бегалската криза, нема некој посериозни проблеми, меѓутоа во најголема мера работите зависат од одлуките на владите во регионот, ЕУ и пошироко. Доколку дојде до нови одлуки кои што ќе се спроведат во реалноста, онака како што се замислени, и кои што ќе влијаат на одредена состојба во нашата земја поврзани за бегалците , тогаш не ја исклучувам можноста дека и ние ќе направиме промена во нашите политики и да се прилагодиме на ново настанатата состојба, а се во правец на заштита на Р.Македонија, но не занемарувајќи го хуманиот третман кон бегалците“, изјави Никола Груевски премиер на Р.Македонија, при посетата на Пелагонискиот регион