Груевски за Илинден во Трново

0
1105

Победата, слободата, напредокот, развојот и успехот се нашата финална цел. До неа се доаѓа со почитување и спроведување на основните вредности, порача во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод празникот Илинден.

„ Знам дека македонскиот народ едвај чека да добие шанса, да се произнесе за сето она што го гледа, да го даде својот глас, да излезе и на слободни фер избори да каже дека граѓаните на Македонија се господари на ова парче земја. Дека овде живее народ што знае што сака и што прави, што знае правилно да расудува“ истакна Груевски.

13932700_1649005462083940_3984815706948346268_n

Тој посочи дека Македонија како и досега ќе излезе уште посилна и пообединета.

– Лесно е да седиш, отстрана и да набљудуваш, уште полесно е да критикуваш и да бидеш деструктивен, да плукаш по се што се прави, создава и гради, само да зборуваш, а ништо да не правиш, и тоа го знае мнозинството од овој народ. Јас знам дека местото на политичарот е помеѓу народот, на секоја педа македонска земја, на секоја улица, во секој град и село со народот и со неговите проблеми и не само кога е лесно туку и кога е тешко, кога има мака и кога треба да му се помогне и да му се помогне, посочи Груевски.

13872852_1649005525417267_8371969516072340729_n

Тој додаде дека секоја неискрена критика, лага и манипулација која ја сервираат, како што вели, неработниците и интригантите завршува во првиот момент од нивното зачекорување меѓу народот.

– Го чувствувам презирот со кој стотиците илјади луѓе со кои се среќавам низ целата држава го имаат кон секој оној кој со кодошлак, со страничен елемент, со неработа и со критика само заради критика, а без суштина сака да оствари своја лична теснограда цел на штета на интересот на државата Македонија, вели Груевски.

Пред учесниците на сенародниот собир во Трново, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вети уште поинтензивна работа, прогами и стратегии од интерес на граѓаните.

– Јас на овој празник ветувам дека додека ме држи последниот атом од силата ќе работам за да остварам што поголем број ветувања што сум ги дал, ќе решиме што поголем број проблеми, ќе направиме што поголем број проекти и дела, успеси за Македонија, за секој нејзин поединец, за народот. Народот е силата што ја создава државата и кој ја брани и развива таа држава. Народот е господар и така ќе биде се додека постои ВМРО затоа што ВМРО е Македонија, ВМРО е дијаспората, ВМРО е историјата и ВМРО е иднината, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние Македонците, одовде на Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега низ историјата одовде ќе излезе уште посилна, уште поуспешна, економски посилна и пообединета. Да ни е за многу години и векови праникот Илинден!, порача Груевски притоа упатувајќи честитка до сите граѓани на Македонија.