Груевски за избирачкиот модел

0
215

Наместо тројца од редовите на дијаспората да се избираат дваесет пратеници во Парламентот и за нив да се гласа во една изборна единица, е предлагот на ВМРО-ДПМНЕ до останатите политички партии во преговарачката работна група за изборите, што го соопшти денеска премиерот Никола Груевски.На тој начин, оцени, ќе има посилно зајакнување на дијаспората во македонскиот Парламент, ќе има нејзино влијание, бранење на нивните интереси, идеи и предлози.Потенцирајќи дека сакаат да има максимално транспарентни, чесни и правични избори рече дека тоа е нивна заложба и ќе поддржат секаква идеја што е во тој правец.Груевски укажа дека го поддржале предлогот на СДСМ за претходна регистрација на гласачите и нагласи оти инсистираат на тоа, со што, според него, опозицијата ќе нема алиби за обвинувања за фантомски гласови.Не сакаме, додаде, на следните избори кога ќе победиме повторно опозицијата да бара алиби дека им се украло од гласовите, дека има некакви фантомски гласови, дека се заокружувале некои што не гласале и затоа треба да се прифати предлогот, а тоа е претходна регистрација, да се додаде кон тоа отпечаток од прст на секој што ќе се регистрира и кога ќе се регистрира и кога ќе гласа и тоа да не биде само за овие избори, туку тоа да биде и за следните избори независно дали се парламентарни или локали или претседателски избори.На тој начин,  нагласи Груевски, ќе се создаде ситуација опозицијата да не може да го бојкотира Парламентот.Постоечкиот модел, смета Груевски, е добар, и не покажал некои сериозни аномалии.Во однос на ставовите на некои политичари дека требало да има отворени листи за да дојде до израз повеќе личноста на пратеникот, односно граѓаните да не гласаат само за партија, туку и за личност, наведе дека за тоа во светот е најдобар мнозинскиот модел.