Груевски: За секој град, за секоја општина конкретна програма

0
301

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на кандидатите за градоначалници им порача дека ги чека тешка и одговорна работа.

-За секој град за секоја општина ќе имаме конкретна програма. Таа програма ќе биде концептот за развој на секое место на живеење. Конкретни и одмерени проекти кои ќе бидат реализирани, а ве уверувам дека секој од градоначалниците ќе ја има мојата поддршка, но и мојот притисок секое ветување да биде остварено. Приоритет ќе биде развој на локалната економија. Поддршка на компаниите и овозможување на подобри услови за стопанисување. Зајакнување и формирање на повеќе индустриски зони кои ќе обезбедат повеќе приходи и повеќе работа за луѓето, тоа одлично тргна во претходниот мандат треба да продолжи. Секоја општина која што ја нема треба да ја создаде индустриската зона, секоја општина која што ја има, а се веќе распродадени локациите, треба или да ја прошири или да формира нова индустриска зона. Затоа што тоа е основната работа која што е потребна на граѓаните на Република Македонија, нови работни места, кои не може да ги има ако еден градоначалник не обезбеди обезбеди услови во инфустриска зона, изјави Груевски.