Групна крштевка во Велушина

0
887

Викендов голем настан во селото Велушина битолско. Во манстирот Свети Ѓорѓија Великомаченик, високо над селото се одржа групна крштевка на лица од Прилеп и Битола ги имаше од различни возрасти и помали и повозрасни кои овој христијански чин од разни причини не го направиле додека биле помали.Пред камера не сакаа да зборуваат, но организаторот на манифестацијата ни раскажа за самата цел на ова групно крштевање.

Стево Петров организатор на ваквите манифестации во манастирот вели дека овој манастир датира од 18 век низ времето разно бил посетуван и сега се прават напори истиот повторно да заживее.

Иако селото Велушина скоро и да е иселено, а и популацијата од различна вероисповед, Стево вели дека тоа не е причина што манастирот е подзаборавен.

Петров додаде дека тоа што Велушина е иселено и место со различни етникуми но манастриот вели тој не е само на Велушина туку на сите христијани.

Според луѓето кои дента беа на ова место велат дека до пред десетина години манстирот Свети Ѓорѓија во Велушина бил жив со монаси, после нивното заминување манастриот бил подзаборавен.Целта на домаќинот е овој манастри потворно да заживее и луѓето да го посетуваат.