ГШ на АРМ потврди за оградата на Меџитлија

0
431

-Врз основа на донесените заклучоци од управувачкиот комитет, АРМ ги спроведува дадените задачи во однос на преземањето на потребните техничко-тактички мерки односно поставување жичана ограда во долина кога ќе се оцени дека е потребно. Во моментот таквите мерки се спроведуваат во реонот на Граничниот премин Меџитлија со ангажирање на потребен број персонал и материјално-технички средства. Потенцирам дека ова не е нова мерка туку претставува континуирана мерка која се спроведува врз основа на донесените заклучоци од управувачкиот комитет кои се донесоа на 30.11.2015 година. Во моментот се поставува од едната страна на граничниот премин кај граничниот камен и ќе биде во должина каде ќе се оцени дека е потребно, изјави потполковник Тони Јаневски, портпарол на ГШ на АРМ.