Ѓулен: Немам никаква врска со обидот за пуч

0
772

Турскиот исламски духовник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го смета за свој најголем соперник, денеска категорично ги отфрли обвинувањата дека имал улога во обидот за пуч.

„Како некој кој пострадал во текот на повеќе воени пучеви, особено е навредливо да бидам обвинет дека имам каква и да е врска со овој обид“, изјавил Ѓулен, како што пренесе Ројтерс.