Гумени плочки во детскиот парк

0
6076

Поставени се подни гумени плочки во детскот парк во Битола. На овој начин се сака да се зголеми безбедноста на најмладите кои овде ги има и во работните денови, а особено во деновите од викендот. Освен што ке се спречат поголеми повреди од евентуално пагање, ваквото уредување на детскиот парк добива и еден поубав визуелен изглед.

– Од пред неколку дена имаме и нов момент поставување на подни гумени плочки на површини каде што има детски реквизити каде што се движат и дружат децата. Засега коментарот од јавноста е доста позитивен што ќе не наведе да продолжиме и на други места во градот да ги поставуваме тие подни гумени плочки, изјави Зоран Соклевски директор на ЈП Комуналец

Како во многу примери за тоа каков е односот на поединци кон урбаната опрема, од претпријатието рекоа дека направиле се што можеле за да биде спречено нивно демолирање.

– Така што поставивме бетонска подлога со дополнително ставање на лепак, апликацијата е врзување, така што демонтажата да биди тешка да се изврши а тоа ни ги зголеми трошоците и тоа за дупло, но ќе видиме како ќе се одвиваат во наредните денови работите околу оваа проблематика, изјави Зоран Соклевски директор на ЈП Комуналец

И ова е дел од најавеното пролетно разубавување на градот.