Гвантанамо ја поткопува националната безбедност

0
387

Американскиот претседател Барак Обама го изложи планот на неговата администрација за затворање на воениот притворен центар во заливот Гвантанамо, Куба, истакнувајќи дека објектот „не ја потпомага национална безбедност, туку ја поткопува“.

„Ако како нација не го решиме ова сега, кога ќе го решиме?“  запраша Обама откако Одделот за одбрана на САД го достави планот до Конгресот. Тој апелираше до Конгресот да биде на „вистинската страна на историјата“ и нацијата да реагира според „лекциите“ научени  изминатите 15 години.

Републиканците веќе го критикуваат предлогот на Пентагон.

„Конгресот нема простор за забуни. Противзаконски е и ќе остане да биде противзаконски да се пренесуваат терористи на американско тло“ изјави Спикерот на претставничкиот дом, Пол Рајан. „Ние нема да ја загрозиме нашата национална безбедност поради ветување дадено за време на кампања.“ кажа тој.

Без коментари

LEAVE A REPLY