Гвардиола: Треба да ја користиме главата и срцето

0
163

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола знае дека неговиот тим треба да одигра перфектен натпревар доколку сака да ја анулира големата негатива, да ја елиминира Барселона и да се пласира во финалето од Лигата на шампионите.

Пред Гвардиола е речиси невозможна мисија, да се пласира во финалето од Лигата на шампионите по пораз од 3-0 на гостувањето кај Барселона.
„Среќени сме што сме во полуфиналето. Имаме негатива од 3-0 против најдобриот тим во последните 15 години. Најпрво треба да се браниме добро, а потоа да видиме како ќе се одвива натпреварот. Никогаш не се знае што ќе се случи, 77 минути во Барселона беше 0-0″ – вели Гвардиола.
 
„Се разбира дека треба да постигнеме голови. Ќе треба да ги искористиме малкуте шанси кои веројатно ќе ги создадеме. Не очекуваме дека ќе победиме со толку голема разлика како против Порто или Шахтјор. Треба да бидеме смирени. Се што треба да направиме може ќе се случи за 20-25 минути”.
 
„Ние сме Баерн Минхен и никогаш не мислиме дека немаме шанси. Ова не е натпревар кој не можеме да го добиеме, но треба да ги користиме нашите глави и срца”.