Хади: Војната против бунтовниците Хути има за цел да ја спречи иранската експанзија

0
201
epa03095247 Yemeni Vice President Abdo Rabbo Mansour Hadi attends an inauguration ceremony of the electoral campaign of the early presidential elections in Sana?a, Yemen, 07 February 2012. According to media sources, Yemeni Vice President Abdo Rabbo Mansour Hadi launched his electoral campaign of the early presidential elections scheduled for 21 February. Outgoing Yemeni President Ali Abdullah Saleh was granted immunity from prosecution in return for stepping down from power. EPA/YAHYA ARHAB +++(c) dpa - Bildfunk+++

Јеменскиот претседател во егзил Абд Рабо Мансир Хади изјави дека неговите сили војуваат против шиитските бунтовници Хути за да ја спречат иранската експанзија во регионот.

Хади ова го изјави вчера за време на кусата посета од неколку часа на Судан, кој донеодамна беше сметан за близок до Иран, но во септември го затвори иранскиот културен центар, а во март се приклучи кон коалциијата против Хутите, кои се поддржани од Иран.

Коалицијата е предводена од Саудиска Арабија, каде живее Хади од март, кога беше протеран од бунтовниците.

– Ние водиме војна која има цел да ја спречи иранската експанзија во регионот. Таа ги опфати Ирак, Сирија, Либан, рече Хади на прес-конференција со суданскиот претседател Омар ал Башир

Без коментари

LEAVE A REPLY