Хајндл ќе го враќа во живот договорот од Пржино

0
349

Германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл ги заврши средбите со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. Посредникот денеска ќе ја информира јавноста дали и каков компромис  донела неговата трета посета во Македонија.

Според партиските соопштенија од спредбите со Хајндл, главна тема на преговарачката маса бил договорот од Пржино.

И власта и опозицијата се согласни за формирање на нова Влада што ќе организира и спроведе избори, како што предвидува договорот од Пржино. Но, партиите и понатаму имаат различни ставови околу клучни точки од договорот.

Опозицискиот лидер Зоран Заев од германскиот пратеник барал Влада за спроведување „брзи”  демократски избори, кои би можеле да се одржат на крајот од октомври или почетокот на ноември.

СДСМ бара и Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство со што ќе може  оваа институција да функционира непречено и без притисоци.