Хајндл повторно во Скопје на средби со потписниците на Пржинскиот договор

0
278

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска повторно доаѓа во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино.

Хајндл, како што информира Германската амбасада, за време на дводневниот престој во Скопје, покрај со потписниците на Пржинскиот договор, ќе разговара и со претставници на меѓународната заедница.

Тоа ќе биде четврта посета на Хајндл на Скопје од почетокот на мај годинава кога беше назначен за специјален пратеник на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнамер со мандат да помогне во надминувањето на политичката криза во Македонија.