Хајндл утре во Скопје

0
442

Во пресрет на утрешната посета на специјалниот пратеник Јоханес Хајндл, опозицискиот СДСМ очекува зголемување на притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ за решавање на политичката криза. Од оваа партија се надеваат дека притисокот врз Никола Груевски ќе расте, имајќи ги предвид изјавите на Европската комисија и на меѓународната заедница, кои, како што велат, ја посочиле Владата како директен виновник за политичката криза.

И од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат посетата на странските дипломати да придонесе за надминување на политичката криза. Од оваа криза во која нè втурна Зоран Заев, последиците ги чувствуваат сите граѓани, соопштуваат од владејачката партија.

Во меѓувреме, партиските преговори се прекинати, а дали и кога ќе продолжат најверојатно ќе се знае по посетата на Хајндл.

Инаку, по Хајндл, земјава ќе ја посети и американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд