Хајндл во четврток се очекува да допатува во Скопје?

0
387

Германскиот специјален претставник, Јоханес Хајндл  неофицијално во четврток се очекува да допатува во Скопје.

Брисел   денеска повтори дека Европа очекува политичките лидери во Македонија да најдат излез од политичката криза. Евроамбасадорот Аиво Орав  кажа дека политичката криза во земјава трае премногу долго. Време за чекање нема, а преговорите треба да продолжат веднаш, рече тој.  Амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој исто така утрово присуствуваше на  ЕУ појадок, не коментираше.
Хајндл по посетата на Македонија се очекува да ја посети соседна Грција.