Хакан Шукур на суд поради тоа што го навредил Ердоган

0
672

Започна судењето на еден од најпознатите турски фудбалери на сите времиња, Хакан Шукур, поради тоа што го навредил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесуваат тамошните медиуми.

Како што пренесува агенцијата Доган, обвинителите во Истанбул бараат затворска казна за Шукур, поради неговите коментари на социјалната мрежа Твитер за Ердоган. Не се наведува содржината на овие коментари, кои во меѓувреме беа избришани од социјалните мрежи.

Според весникот Хуриет, Шукур алудирал на корупцискиот скандал на соработниците на Ердоган во 2013-та година. Доколку биде прогласен за виновен, Шукур се соочува со затворска казна од една до четири години. Поранешниот фудбалер не дошол на првото рочиште, бидејќи сега живее во САД. Судењето потоа беше одложени за одбрана да има повеќе време до судот да ја достави новата адресна на Шукур.

Турскиот претседател Ердоган во последниот период се соочува со се повеќе обвинувања дека ја гуши слободата на говорот и дека се повеќе судски ги гони своите неистомисленици поради „навреди“, а меѓу кои има и новинари и уметници.

Шукур во 2011-та година беше пратеник во партијата на Ердоган, Партија на правдата и развојор (АКП), која е на власт од 2002-та година. Потоа тој се повлече од политиката, откако одби да му се спротивстави на најголемиот противник на Ердоган, влијателниот проповедник Фетула Ѓулен.

За време на повеќедецениската играчка кариера Шукур најголема трага остави во Галатасарај, а играше и за повеќе европски клубови како Торино, Интер и Блекбурн. За Турција настапи 112 пати и со 51 гол е убедливно најдобриот стрелец во историјата на турската репрезентација./крај/мф/бс