Хакер пресретнал фактура и ги пренасочил парите

0
833

Вработен во фирма во Битола пријавил „компјутерска измама“.  Од страна на непознат сторител пресретнат им бил е-меилот, на кој што им била испратена фактура од  фирма од Солун, Р.Грција. Притоа истиот бил избришан, а фактурата била изменета во делот кај податоците од жиро сметката и испратена со нов меил со слични податоци како другиот по што пријавителот наместо на странската фирма, 17.520 евра ги  уплатил на непознатиот сторител.