Хакер пробил лозинки на корисници на Линкедин

0
585

Хакер успеал да ги добие лозинките на над сто милиони корисници на Линкедин.

Личните информации се украдени уште во 2012 година. Тогаш од Линкедин соопштија за околу 5,6 милиони украдени лозинк, но компанијата вчера сепак информира дека вистинската бројка е 117 милиони.
Линкедин вети дека итно ќе преземе мерки за анулирање на компромитираните лозинки и ги повика засегнатите корисници да си направат нови.
Според списанието „Форбс“ хакерот сакал да ја продаде украдената информација за само пет биткоини или 2.200 долари. Не е соопштено дали тој пронашол купувач. Околу 400 милиони лица од целиот свет имаат налози на Линкедин.