Хакери го нападнаа Викиликс поради документите за Турција

0
384

Викиликс денеска соопшти дека е цел на хакерски напад откако најави дека ќе објави илјадници документи за структурата на политичката моќ во Турција, по неуспешниот обид за пуч во земјата во петокот.

– Нашата инфраструктура е цел на непрекинат напад. Не сме сигурни кој е изворот, но тајмингот укажува на група од турските државни структури или нивни сојузи – објави Викиликс на Твитер.

Но, и покрај хакерскиот напад, кој го одложи објавувањето на документите, од Викиликс велат дека денес ќе го обелоденат првиот дел од околу 300.000 е-пошти и 500.000 документи.

http://telegraf.mk