Хакери подготвени да го „напаѓаат“ Кремљ

0
248

Американски воени хакери се инфилтрирале во компјутерските мрежи и телекомуникациски мрежи на Русија и командниот систем на Кремљ.

Хакерите ги направија руските мрежи ранливи за сајбер напади од САД. Ова го соопшти американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на високи извори од разузнавачката заедница.

Ова сепак требало да стане факт само во краен случај, ако Американците имаат значителна агресија од страна на Москва.

Американските власти одамна тврдат дека Русија, Кина и други нации оставиле скриени дупки во дел од важната инфраструктура во САД, „подготвувајќи го бојното поле” за сајбер напади за запирање на електричната енергија или интернет во големите градови.

Мерките за безбедност на компјутерските системи во Русија одговараат на денешните закани, изјави претседателскиот прес секретар Дмитриј Песков, на барање на ТАСС да ги  коментира медиумските извештаи дека руски системи биле хакирани од воени хакери на САД, пренесоа агенциите.