Хакери пуштија порно снимка на инфо табла на главната железничка станица во Вашингтон

0
234

Хакери упаднале во системот на информациската табла на централната железничка станица во Вашингтон, „Унион Стејшн“ и на неа објавија видеа со порнографска содржина.

Инцидентот, што траел само неколку минути, се случил во време на вечерниот сообраќаен шпиц.

Како што јави ТАСС, информациската табла што беше цел на хакерскиот напад, била поставена неодамна.

„Унион Стејшн“ се наоѓа на само неколку минути од Конгресот на САД.