Хакери се обидуваат да нападнат нуклеарни централи во САД

0
422

Компании задолжени за контрола на работата на американските нуклеарни централи биле мета на кибер напади во последните неколку месеци, објави „Њујорк тајмс“.

Нападите се случиле во мај и јуни и посебно биле насочени кон компанијата „Волф Кријк Њуклир Оперејтинг Корпорејшн“, која управува со нуклеарната централа во сојузната држава Канзас.

Според „Њујорк тајмс“ хакерите не успеале да продрат до оперативните системи на компаниите оператори на нуклеарните централи, туку погодени биле само дел од мрежите за управување со централите.

Во извештајот на американското Министерство за внатрешна безбедност не се наведува дали кибер нападите биле поврзани со индустриска шпионажа или се обид да им се нанесат штети на централите.

Без коментари