Хакерски напади на сајтовите на македонските институции

0
1251

Доцна вечерва (понеделник) неколку сајтови на македонски институции беа под хакерски напад и целосно ставени надвор од функција со натписот “Kissed By UstadCage_48 And”. Најверојатно се работи за поголем хакерски напад од страна на “SUMEDANG CYBER TEAM” кои се претставуваат преку полското знаме.

Хакирани се сајтовите на Јавното обвинителство, Министерството за информатичко општество и администрација, МАРНЕТ и сајтот е-трговија.