Хакерски напади во светот

0
432

Мега хакерски напади погодија голем број на организации ширум светот.

Компјутерите од илјадници локации се заклучени од програма која бара 300 долари во биткоин. Извештаите кажуваат дека има заразување на компјутери во повеќе од 70 држави, вклучувајќи ги Велика Британија, Америка, Кина, Русија, Шпанија, Италија и Тајван. Многу безбедносни истражувачи ги поврзуваат нападите и сметаат дека произлегуваат од еден напад.

Погодена беше и националната здравствена служба на Велика Британија, а на официјалната страница излегува програмата „WannaCry“.

Еден сајбер безбедносен истражувач на „Twitter“ објави дека забележал илјадници случаи на сајбер напади познат како „WannaCry“ насекаде низ светот.

„Ова е навистина сериозно“- вели Јакуб Кроустек од „Avast“.

Од „Kaspersky“ велат дека нападот бил забележан во 74 држави, и дека бројката сè уште расте. Извештаите покажуваат дека Русија има најголеми штети од сите земји.

Министерството за внатрешни работи во Русија вели дека успеале да го локализираат вирусот, после нападот на персонални компјутери кои користат „Windows“.

Неколку експерти кои ја следат ситуацијата, ги поврзуваат инфекциите со група позната како „The Shadow Brokers“.

Помеѓу заразените има и неколку шпански фирми. Напади се забележани и во Шведска.

http://faktor.mk