Хакирани податоците на над 20 милиони Американци

0
242

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама соопшти дека хакери ги украле идентификациските броеви од социјалното осигурување на повеќе од 21 милиони Американци, како и дека земале други чувствителни податоци при нападот на владиниот компјутерски систем, пренесува Танјуг.

Канцеларијата за управување со кадри наведува дека има повеќе од 19 милиони погодени лица кои побарале истрага.
Владата наведува дека има речиси уште два милиони луѓе кои што исто така биле погодени, но не поднеле барање, туку биле сопружници или други членови на семејството.
Други податоци за 4,2 милиони државни службеници, меѓу кои некои се натаму работно активни, а некои не, украдени се во рамки на одвоен хакерски напад, „но поврзани со првиот”, соопшти Канцеларијата.
Се додава дека во овој момент ништо не укажува дека украдените податоци се искористени за измама.