Хан ги пофали властите и организациите како се справуваат со бегалската криза

0
245

Еврокомесарот Јоханес Хан, во придружба на евроамбасадорот во земјава, Аиво Орав и македонскиот министер за внатрешни работи Митко Чавков, денеска беа во Гевгелија каде што вршеа проценка за состојбата со бегалската криза во Македонија од аспект на човечки ресурси и средства.

Хан ги пофали властите и организациите дека добро се спрауваат со бегалскиот бран, и најави дополнителна финансиска помош за да и се помогне на Македонија.

– Европската унија е заинтересирана да му помогне на системот на вашата земја за да се справи со оваа ситуација. Токму поради таа причина веќе во понеделник ќе дојде тим од Европската комисија кој заедно со експерти од вашата земја ќе ја направат вистинската проценка се со цел да ги идентификуваат потребите, опремата, човечките ресурси и финансиската помош која што ќе им биде потребна на вашите власти да се справат со оваа ситуација, рече Хан.