Хан и четворката на иста маса

0
545

Еврокомесарот Јоханес Хан ја заврши серијата билатерални средби со лидерите на четирите партии-потписнички на Договорот од Пржино, на кои беше запознат со нивото на досегашната реализација на обврските, односно со партиските ставови дали се исполнети сите услови на 24 април да се одржат фер и кредибилни избори.

По билатералните средби, во резиденцијата на ЕУ во скопската населбата Пржино започнува заедничка и клучна средба на Хан со лидерската четворка, на која треба да падне финалната одлука – дали Македонија ќе влезе во изборен процес во април. Од тоа ќе зависи и дали ќе биде ефектуирана депонираната условна оставка на премиерот Никола Груевски.

Без коментари

LEAVE A REPLY