Хан на Твитер: Среќен сум што гледам демократска транзиција и посветеност

0
674

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на Твитер ги сподели своите впечатоци од средбата со премиерот Зоран Заев и со владиниот кабинет.

„Добар разговор со премиерот Заев и министрите за реформската агенда. Среќен сум што гледам демократска транзиција и посветеност на новата влада на реформите. ЕУ е подготвена да ја поддржи земјата за спроведувањето на итните реформски приоритети и нејзино враќање на патот на евроатлантските интеграции“- напиша Хан на Твитер.

Хан сподели дека Македонија свртела нова страница, отворајќи го патот за нова динамика на реформи за доброто на граѓаните.

Тој го поздрави потегот на Заев да им подаде рака на соседите.