Хан на Твитер за неуспешните преговори во Скопје

0
513

„Ги уверувам граѓаните, каква и да е конечната одлука донесена од политичките партии, ние ќе обезбедиме целосна поддршка за да се гарантираат демократски и фер избори“, напиша еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил.

Еврокомесарот Хан вчера во текот на целиот ден водеше одделни, а потоа беше посредник и на новата неушпешна маратонска средба со лидерите на најголемите четири партии што се одржа во Пржино.

Хан по преговорите потенцираше дека земјата е во тешка состојба и не е можно да се постигне договор помеѓу сите сите политичките партии за одржување на избори на 24 април.

Без коментари

LEAVE A REPLY