Хан не замина за Брисел, се чека негова изјава

0
401

Еврокомесарот Јоханес Хан тргна да си оди од резиденцијата на ЕУ во Скопје, но се премисли и се врати назад.

Нема никаква информација зошто Хан стигнал до автомобилот кој го чекаше пред резиденцијата, а потоа се врати назад.
Хан, требаше да лета за Брисел од скопскиот аеродром со лет во 00.10 часот.
Сè уште се чека негова изјава која прво беше најавена во 23.30.
Ричард Ховит, Иво Вајгел и Едуард Кукан ја напуштија вилата од Пржино, каде еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се уште притиска лидерите да отстапат од тврдите ставови и направат исчекор за решавање на излез од политичката криза.
Хан веројатно наскоро ќе излезе и на прес-конференција, која неколку пати се одложуваше, а новинарите во Пржино останаа без информација за текот на разговорите и евентуален договор меѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи.