Хан очекува избори во април

0
407

Да се создадат итно услови за  да се спроведат веродостојни избори на 24 април. Ова е пораката на еврокомесарот Јоханес Хан пред утрешниот маратон со лидерската четворка. Хан им порачува на Груевски, Заев, Ахмети и Тачи дека утрешниот ден е клучен рок за да се затворат отворените прашања.

Утрешниот 15-ти јануари е клучниот рок на политичкиот договор чија имплементација е важна за Владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека останатите елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, овозможувајќи и им на изборните власти да организираат веродостојни избори според договорената временска рамка.
Освен за неисполнетите обврски од пржинскиот договор, еврокомесарот ќе ја потсети четворката на спроведување  и за итните реформски приоритети.
Со утрешното доаѓање на Хан е последниот ден, до кога Македонија треба да добие нова Влада со нов премиер. Заминувањето на Груевски и неговиот наследник тема на вечерашниот состанок на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Без коментари

LEAVE A REPLY