Хан пак се обидува да одржи средба со лидерите

0
634

По неуспешната виенска средба, еврокомесарот Јоханес Хан прави уште еден обид да ги организира лидерите на четирите политички партии од Македонија да го спроведат договорот од Пржино.

Во последното писмо до Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, Хан бара итно спроведување на договорените работи од Пржино. Хан смета дека и оваа средба треба да се одржи заедно со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит.

Според ТВ Алсат-М, дипломатите бараат дијалог и компомис, кој ќе биде олицетворен во реформи, прочистен избирачки список и на крајот избори.

Од македонските партиии засега нема никаков коментар за писмото