Хан повторно во Македонија

0
299

Од кабинетот на еврокомесарот Јоханес Хан за Телма изјавија дека Хан планира да дојде во Македонија на 18-ти септември, но дека таа посета не може да се потврди од сега како сигурна. Хан ќе дојде за да провери како оди спроведувањето на договорот за излез од кризата и дали се почитуваат крајните рокови за постигнување решенија, велат од кабинетот. Во текот на таа посета планирано е и повторно отворање на пристапниот дијалог на високо ниво, кој е форма на скенирање на напредокот на Македонија до формалното отворање на преговорите за членство во Унијата, а кој паузира веќе две години. Но, од кабинетот на еврокомесарот изјавија дека не сакаат да шпекулираат дали Хан може да ја откаже целата посета или барем разговорите за обновување на дијалогот доколку до 15 септември во земјава не се постигне договор за специјален обвинител. Само велат дека, дали еврокомесарот ќе дојде ќе одлучи неколку дена пред 18-ти.