Хан со нов план во февруари доаѓа во Македонија?

0
483

Анонимен извор од Европската комисија, најави план во три точки што треба да обезбеди априлските избори да не бидат бојкотирани од СДСМ. Според најавата, еврокомесарот Хан со планот ќе се врати во Скопје во средината на февруари и притоа ќе и’ понуди на опозицијата да се приклучи во проверката, пишува Утрински весник.

Планот на Хан, наводно, предвидувал чиста изборна листа, а за таа цел ќе бидат зајакнати капацитетите на ДИК, така како што побарал нејзиниот претседател. Втората точка е да се обезбеди непречен пристап на опозицијата до сите медиуми, како и набљудувачи на СДСМ во Агенцијата за аудиовизуелни медиуми. Третата точка е проверка од страна на Брисел на напредокот околу подготвувањето на изборите заедно со земјите-членки на ЕУ, со ОДИХР, со ДИК и со македонските невладини организации кои го следат изборниот процес, а со цел сето ова да ја увери опозицијата дека има рамноправни услови да учествува во изборниот процес.